Пролетен џез концерт на Филип Стевановски бенд

Сподели со своите пријатели

Филип Стевановски утревечер со својот бенд ќе одржи Пролетен џез концерт во Занаетчискиот дом. Влезот за концертот кој ќе започне во 20 часот, е бесплатен. Инаку настанот е во организација на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

Loading...

Во Занаетчискиот дом утревечер ќе се одржи Пролетен џез концерт на Филип Стевановски бенд. На концертот кој е во организација на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, присутните  гости ќе бидат дел од снимањето на новиот џез албум на Стевановски, кој треба да излезе во јуни. Организаторите ги повикаа кумановци да бидат дел од пролетниот џез концерт.\

-Имаме неколку поводи за одржување на концертот. Првичното е тоа што со пролетта ни доаѓа и џез музиката. Втората е што минатата година со јубилејниот концерт кој го правев, Куманово како град влезе во Асоцијацијата на одржување на Интернационален џез ден, кој не е од мало значење за Куманово, бидејќи градот е влезен и како град на културата оваа година, кој се прави на 30-ти април, ние го правиме малку порано, но сепак ќе го одбележиме тоа што сме го започнале минатата година.  Третата работа е снимањето на новиот албум кој треба да излезе во јуни, ќе биде во принцип џез концерт со моја авторска музика и на бендот. Ќе има џез, повеќе стилови, како латино и слично, но сепак се ќе биде инструментална музика-истакна Филип Стевановски.

Влезот за концертот кој започнува во 20 часот е слободен.

Leave a Reply