Проголтал 116 шајки и долга жица и успеал да преживее

Сподели со своите пријатели

Железото е еден од најважните елементи за здраво функционирање на организмот. Еден Индиец сепак тоа малку пребуквално го сфатил.

Loading...

Тој за „ужина“ изел 116 челични шајки, неколку парчиња метални пелети и една долга челична жица. Сето тоа лекарите морале да го извадат од неговиот стомак.

Хирург од Бунди, град во индиската покраина Раџастан, се нашол во дилема кога на рендгенската снимка видел дека стомакот на неговиот пациент е преполн со бодликави предмети.

– Му препорачав да оди на томографија, што дополнително го потврди она што претходно го видов. Потоа, пациентот Бола Шанкар (42) во понеделник е опериран, изјавил хирургот Др. Саини.

На лекарите им требало повеќе од два часа да ги отстранат опасните предмети од неговиот организам, од кои поголемиот дел биле шајки подолги од 6,5 сантиметри, кои можеле да останат неизлечиви последици доколку доспеале во неговите црева и пробивниот тракт.

Бола Шанкар, инаку по професија е градинар, не можел да објасн зошто проголтал толкава количина опасни предмети.

Локалните медиуми наведуваат дека тој можеби пати од ментални проблеми.

Leave a Reply