Прогласени најдобрите просветни работници во Куманово за 2025 година (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

„Одговорноста, посветеноста и љубовта кон знаењето се темелите врз кои се гради иднината на секое општество“, беше пораката што одекна денеска во Занаетчискиот дом во Куманово, каде се одржа свечена церемонија за доделување на награди и признанија на најистакнатите просветни работници во Општината.

 

 

Во организација на Здружението на просветни работници Куманово, признанијата оваа година беа доделени во три категории.

Во категоријата А – одделенска настава, наградата ја доби Николина Милевска од ООУ „Кочо Рацин“.

Во категоријата Б – предметна настава, признанието ѝ беше доделено на Даниела Стојановска од ООУ „Христијан Карпош“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист и негов сопатник повредени во сообраќајка во липковско

Во категоријата В – средно образование, наградата ја понесе Слаѓан Станковиќ од ОСТУ „Наце Буѓони“.

Loading...

 

 

На свеченоста се обратија градоначалникот на Општина Куманово, претседателката на Советот на Општината и раководителот на Секторот за образование, кои ја истакнаа суштинската улога на просветните работници во општеството. Тие упатија искрена благодарност за нивната континуирана посветеност, професионален развој и придонес во образованието, со акцент на значењето на нивната мисија во создавање на успешни генерации.

 

 

Во рамките на настанот беше организирана и изложба на ликовни творби на ученици од основните и средните училишта од општината, кои учествуваа на креативна работилница во чест на 24 Мај – Денот на словенските просветители, Кирил и Методиј.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ауди“ излетало од патот Куманово – Свети Николе, тројца повредени

На најуспешните ученици и нивните ментори им беа доделени благодарници и дипломи, со што се заокружи еден настан посветен на вреднувањето на знаењето и наставничката професија.

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски