Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар во Куманово за 2019 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска ги врачи признанијата на најдобриот полициски службеник, како и најдобриот пожарникар во градот за 2019 година.

Loading...

За најдобар вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, по предлог на своите колеги е избран Горан Величковски, додека за најдобар вработен во Територијалната против пожарна единица е прогласен Розе Спасовски.

Градоначалникот им честиташе на признанијата и им порача да бидат пример за своите колеги и да ги мотивираат да бележат високи резултати.

-И со двете институции имавме одлична соработка, тековната 2019 година. Особено сме задоволни во делот и ангажманот на сообраќајната полиција, и апелираме да продолжи таа интенција за зачестени контроли, особено за прекршоците во сообраќајот и зголемување на недозволена брзина на движење, а воедно сме многу горди на сето тоа што нашата противпожарна единица го направи во градот оваа година. Со тие лимитирани средства и ресурси со кои располага со надчовечки напори сепак се справи со голем број на пожари, предизвици и спречи голем број на евентуални несреќи-истакна кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Полицискиот службеник, Горан Величковски зад себе има 26 години кариера во рамките на Министерството за внарешни работи, а бил дел и од единицата „Алфа“.

-Благодарност до сите полициски службеници во СВР Куманово, како и до полициски службеници, полицајци кои работеа со мене во цивилна облека во стилот на Алфа единица. Имаме одлични резултати во сузбивање на криминалитет, недозволена трговија со дрога и други дејанија кои се спротивни на законот. Оваа награда значи многу , јас сум пред пензија уште три години – изјави тој.

Loading...

Розе Спасовски 30 години е дел од Територијалната противпожарна единица Куманово, а зад себе веќе има неколку признанија и награди.

– Оваа награда ми значи големо задоволство и желба за понатаму, голем мотив. Благодаредност до градоначалникот, како и до командирот и целата противпожарна единица кои ми овозможија да ја добијам наградата. Се справуваме со големи предизвици, таква ни е работата, за ова треба да се има желба за да се работи – изјави тој.

Со градоначалникот го испија заедничко кафе, а како награда во знак на благодарност за придонесот во безбедноста во градот им беа врачени подароци.

Инаку оваа традиционално наградување се одржува веќе 15-та година по ред и истото ќе продолжи за да им се одаде признание на оние кои се грижат за безбедноста на граѓаните на Куманово.

Loading...

Leave a Reply