Професор во Авганистан си ги искина дипломите за време на телевизиско гостување (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Професорот од Кабул Исмаил Машал си ги искинал дипломите за време на телевизиски настап во Авганистан.

Loading...

Овој чин беше знак на протест против забраната на талибанците за пристап на жените до високото образование.

Машал е основач на приватен факултет и предавач на Универзитетот во Кабул.

Машал со солзи во очите и треперлив глас ги искина дипломите за време на гостувањето на каналот Tolo News.

„Од денес веќе не ми требаат тие дипломи бидејќи оваа земја не е место за образование. Ако мојата сестра и мајка ми не можат да студираат, тогаш јас не го прифаќам ова образование“, рече тој, пренесе Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

На жените им е забранет влез во парковите во Кабул

Тој додаде дека тоа се неговите оригинални магистерски и докторски дипломи.

Видеото од чинот на Машал стана вирално, а Шабнам Насими, поранешен политички советник, го сподели видеото на Твитер.

„Зачудувачки сцени додека професорот на Универзитетот во Кабул ги уништува своите дипломи на ТВ во живо во Авганистан“, напиша Насими покрај објавениот клип.

Loading...

На 20 декември, талибанците објавија дека универзитетското образование за сите студентки е суспендирано.

Ваквата одлука беше донесена откако авганистанската влада веќе им забрани на девојчињата да посетуваат средно училиште во март годинава.

По враќањето на власт, Талибанците значително ги ограничија правата и слободите на жените, вклучувајќи го и нивниот пристап до јавните простори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Во ноември на жените им беше забранет влез во сите паркови во Кабул.

Истиот месец, талибански функционер во Кабул објави дека на жените ќе им биде забрането да одат во спортски сали низ целата земја.

Правилата на талибанците, исто така, налагаат дека жените мора да носат хиџаб и да се облекуваат скромно на јавни места.

 

Loading...