Професор Рената Дескоска е избрана за потпретседател на Собранието на РМ

Сподели со своите пријатели

Со 86 гласа „за“ и еден „против“, вчера во Собранието на РМ за потпретседател беше  избрана Рената Тренеска – Дескоска, а по предлог на пратеничката група предводена од СДСМ.

Loading...

Пратеникот од НСДП Горан Мисовски, пред пратениците образложи дека Тренеска Дескоска е истакнат општественен и политички работник, професор е на Правниот факултет, доктор на науки, автор и коавтор на повеќе од 30 книги и стотина научни трудови.

Изборот на Дескоска доаѓа како обврска на владеачкото мнозинство, односно како законско право на опозицијата.

По 15 – месечната пауза во работата на опозициските пратеници, вчера во Парламентот се врати и дебатата, кога пратениците од владеачката гарнитура, при обраќањето на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, дофрлуваа од место за тоа што тие сработиле во времето додека СДСМ ги бојкотираше собраниските седници.