Спортски претставник од Њу Џерси се извини три дена откако на учениците им рече дека Адолф Хитлер бил „добар лидер“, само со „лоши морални одлики и намери“.
Спортскиот директор Џо Пиро, спорната изјава ја дал за време на обраќање на ученици во средно училиште во Медисон на собир чија цел била промовирање на позитивно лидерство, пренесува АП.
Директорот на училиштето, Марк Шварц, ден по говорот, на родителите им упатил писма со извинување, во кое, не наведувајќи го името на говорникот, рекол дека излагањето било „непотребно провокативно и бесчувствително“.

Пиро, инаку е еден од истакнатите спортски претставници во Њу Џерси и во својот говор го споменувал и Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн и многу други значајни личности, но проблемот се јавил кога на својот список го сместил и Адолф Хитлер, фалејќи ги неговите лидерски способности и споредувајќи го со Мартин Лутер Кинг.
Директорот писмото за извинување го упатил до родителите откако тие на социјалните мрежи, по завршување на приредбата на која учениците биле обврзани да присуствуваат, изразиле неготување поради ваквите споредувања.
Спортскиот директор Џо Пиро по три дена самиот упатил извинување правдајќи се дека неговата намера не била некого да навреди.