21.02.2018 11:23

Продолжуваат возбудувањата во фудбалската ЛШ


Екипите на Севиља и Манчестер Јунајтед ќе се соочат вечерва во 20:45 часот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во првата средба од денешната програма на осминафиналето во Лигата на Шампионите.

Ова е првиот дуел меѓу двата тима на УЕФА турнирите. Досега тие немаат дуел еден против друг, па затоа се очекува интересна средба.

Манчестер Јунајтед се смета за фаворит пред првиот натпревар. „Црвените ѓаволи“ имаат амбиции да стигнат далеку на турнирот и се надеваат дека ќе постигнат добар резултат уште при гостувањето во Шпанија. Севиља сепак е доволно квалитетен тим со огромно искуство во еврокуповите и „црвените ѓаволи“ нема да ги чека лесно гостување.

Интересен факт е дека ова е дуел меѓу победниците на Лигата на Европа во последните четири сезони. Севиља го освои трофејот во второто по важност клупско натпреварување на УЕФА во 2014, 2015 и 2016 година, додека Манчестер Јунајтед е актуелниот победник, откако триумфираше минатата сезона.

Гостинскиот менаџер, Жозе Мурињо е добро запознат со квалитетите на Андалузијците.  Тој има осум натпревари против овој тим додека го водеше Реал Мадрид и може да се пофали со прилично добри индикатори – 7 победи и 1 пораз при гол разлика 23:6.

Гостите имаат многу проблеми пред натпреварот. Фил Џонс, Маркос Рохо, Златан Ибрахимовиќ и Маруан Фелаини не му се на располагање на тренерскиот штаб, бидејќи лекуваат повреди. Добрата вест е дека Пол Погба, Антонио Валенсија, Маркус Рашфорд и Андер Ерера се подготвени за игра и ставени во тимот за натпреварот вечерва.

Дефанзивецот Ерик Баји може да го забележи својот 50. натпревар за „црвените ѓаволи“. Новото засилување Алексис Санчез пак се очекува да го запише своето деби за Јунајтед во Лигата на шампионите, откако не играше за претходниот клуб Арсенал во овој турнир.

Шахтјор Доњецк и Рома ќе се соочат во вториот дуел вечерва. Двата тима практикуваат офанзивен фудбал, па може да се очекуваме спектакл. На хартија, гостите се сметаат за фаворит пред почетокот на дуелот, но Украинците веќе еднаш ги елиминраа „волците“ токму во оваа фаза од натпреварувањето во 2011 година и сега веруваат дека можат да го повторат достигнувањето.

Најголемиот проблем пред домаќините на стадионот „Металист“ во Харков, каде ќе се одигра овој натпревар е недостигот на сериозна пракса. Сезоната во Украина започна минатата недела и „рударите“ одиграа само еден официјален натпревар од почетокот на годината. Во него тие остварија убедлива победа со 5:0 над Черноморец од Одеса и така остануваат на врвот на табелата во домашното првенство.

Во исто време, Рома нема таква грижа. Сезоната во Серија А е во полн ек и „волците“ покажуваат добра форма во последно време, запишувајќи три последователни победи и искачувајќи се до третата позиција во пласманот.

Генерално, сепак, Римјаните имаат проблем со нивните посети во Украина. Во претходните четири натпревари во поранешната советска република, Италијанците имаат само една победа и три порази. /МИА


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments