Продолжува врнежливото време, од среда значителен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и максимална дневна температура од 14 степени.

И утре, како што додаваат од УХМР времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе предизвика позначителен пад на температурата.

Leave a Reply