Продолжува облачното и студено време со утрински температури под просекот

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура денеска изнесуваше -3 степени во кумановско, додека максималната ќе достигне пет степени целзиусови.

Во текот на ноќта и раните утрински часови утре, минималната температура ќе се спушти и седум степени под нулата.

Loading...

 

 

До недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер.

Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Особено ниски ќе бидат утринските температури кои на места ќе се спуштаат под -10 степени.

Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник.

 

Loading...

Никола Ивановски