Продавач на пазар во Куманово измамен за 200 евра

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тригодишен кумановец вчера бил измамен на неговата тезга на градскиот пазар за сума од 12.200 денари.

Loading...

– На 01.09.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Куманово, 63-годишен жител на Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 12.200 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, додека продавал на својата тезга на Градскиот зелен пазар во Куманово, лицето побарало од него да купи производи, но му кажало дека има само евра.

Како што е пријавено, откако тој му дал денари, лицето не му ги дало еврата и ја искористило гужвата и побегнало.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски