Продаден најскапиот часовник во светот за 31 милион долари

Сподели со своите пријатели

Рачниот часовник на познатиот швајцарски произведувач „Патек Филип“ беше продаден на аукција за рекордни 31 милиони долари.

Loading...

Тоа е најскапиот рачен часовник на аукција досега.

Часовникот, наречен „grandmaster 6300А“, б9п дизајниран со цел да биде продаден на аукција за добротворна организација што се одржа во Женева минатата недела.

Аукцијата беше многу посетена, а голем број на колекционери понудуваа по телефон.

Часовникот е изработен од не’рѓосувачки челик, додека основите на двата бројчаници се изработени од 18-каратно розово и црно злато. Посветлиот бројчаник на часовникот има натпис „Еден единствен“.

„Ние ги даваме сите наши пари на добротворни цели, а на овој модел успеавме да дадеме механичко совршенство во времето“, рече Тери Стерн од Патек Филип.

Парите собрани од предметите, кои освен часовникот, беа продадени на саботна аукција во Женева,  ќе бидат искористени за лекување на генетски нарушувања кои предизвикуваат прогресивна дегенерација на мускулите.

„Овој часовник е целосно рачно изработен до последната завртка. Ременот на часовникот, е изработен од алигаторска кожа, и е рачно сошиен“, изјави Штерн.

Loading...

Патем, најскапиот часовник на „Патек Филип“ на аукција досега беше модел од 2014 година, за што купувачот платил 24 милиони долари.

Leave a Reply