Прочитајте ја легендата за селата Старо и Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Пред повеќе векови во селото Нагоричане живееле двајца браќа. Куќите им се наоѓале во Нагоричане, а трлата во денешно Младо Нагоричане.

Кога дошло време за делба постариот брат Пешо решил да остане во стариот дом, а помладиот се настанил кај трлата, во Младонагорички пиленац (маало).

Loading...

Ранковце, Љубинци, Гиновце и Петралица – како овие села ги добиле имињата?

По извесно време, од семејството на помалиот брат се одделиле повеќе фамилии и наскоро настанала мала населба.

Но, бидејќи новата населба била прилично оддалечена од Нагоричане, каде останал постариот брат, а и порано било заселено, тоа било наречено Старо нагоричане, а новата населба Младо Нагоричане.

Така, подоцна од тие две населби, откако нараснале се оформиле две посебни села, Старо и Младо Нагоричане.

Како се формирало селото и Драгоманце и од каде токму тоа име?

Инаку подоцна сличен бил и случајот на раселување и со младонагоричката маала Брадиновци, кои порано живееле кај младонагоричката црква. Тие тогаш имале трло кај Брадиновци, но околу трлата имало подобро место за живеење и таму се преселиле.

Прадедото на Брадиновци имал големо стадо овци во тоа време, а имал голема брада дури до појасот и селаните го викале на прекор Брадина. Затоа тие луѓе ги викале Брадиновци.

Раскажал: Денко Т. Станојковски, Куманово 1970 година

Loading...

Извор: „Наш весник“ – 25 септември 1970 година

За повеќе вакви текстови кликнете ТУКА.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *