Прочистувачи за воздух за кумановските училишта

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седум прочистувачи за воздух добија кумановските училишта Гимназија „Гоце Делчев“, „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“, како и детската градинка „Ангел Шајче“.

Loading...

Дури шест ќе бидат поставени во кумановската Гимназија, информираше денеска директорката Марија Тодоровска.

– Ова е токму вистинскиот момент кога ги добиваме овие прочистувачи и се надеваме дека условите сега ќе бидат идеални за работа на учениците. Се ближиме кон крајот на првото полугодие, условите ќе бидат подобрени. Апел до родителите – да не се грижат за здравствената состојба на учениците, а прочистувачите ќе бидат поставени во ходниците таму каде што е најголема фреквенција на учениците и наставниците, изјави Тодоровска.

По осум прочистувачи на воздух добија средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и градинката „Ангел Шајче“ , а  во „Перо Наков“ ќе бидат поставени пет. 

Leave a Reply