Проблеми со атмосферската вода во населба Карпош и излевање во селото Шупљи Камен

Сподели со своите пријатели

До Регионалниот центар за управување со кризи на телефонскиот број 195 во текот на вчерашниот ден имало две пријави за проблеми настанати како резултат на обилните врнежи од дожд.

Во првиот случај жител на селото Шупљи Камен пријавил дека има излевање на водата во месноста викано Млака, делумно предизвикана поради градежните работи кои што се одвиваат на пругата Куманово – Бељаковце. Станувало збор за поплавена површина од вкупно 20 хектари.

Во населбата Карпош пак во местноста Ливади граѓаните имале пробле со атмосферската вода, но не е конкретно наведено дали има поплавени обjекти.

Од 14 лигтри на метар квадратен вода од Крива Река која беше излеана од кај селото Јачинце е повлечена во своето корито. Река Пчиња кај истоименото село и во селото  Студена Бара исто така е во своето корито и нема поплавени земјоделски површини ниту објекти .

Од одговорното лице за контакт од Општина Старо Нагорицани било потврдено дека реката Пчиња е повлечена во своето корито, која претходно беше излеана кај селото Стрновец. На мостот кај селото Коинце има дрвја и гранки кои за саега не предизвикуват проблеми , но во текот на денешниот ден општината со механизацијата со која располага ќе ги отстрани. Ситуацијата е стабилна и нема потреба за некоја позначајна интервенција.

По пријавите воденаш биле известени раководител на Регионалниот центар за управување со кризи, одговорното лице за контакт со Центарот од Одделението На Дирекцијата за заштита и спасување – Куманово, ркако и Раководителна Водостопанство ­„Кумановско­ – Липковско Поле“.

фото: архива на ЦУК