Признанија за најуспешните менаџерки во 2019 година

Сподели со своите пријатели

Најуспешните жени менаџерки за 2019 година ги добија своите признанија. Ова беше 24-ти избор на најуспешни жени менаџерки во годината, а признанијата на најуспешните од минатата година беа врачени синоќа.

Loading...

Признанијата, што ги доделува агенцијата „Марили“ ги добија, Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје,  Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје, Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар, д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје, Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија, Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија, Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција  ДООЕЛ Скопје , EVN Group, Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје, Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника“ – Скопје и  Жанета Џафер, генерален менаџер на „Жанета Естетик“ – студио за убавина .

На настанот  „Жена менаџер“, како што наведуваат во соопштение до јавноста, беше доделено и специјално признание на директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со Ковид-19.

Настанот се одржа со строго почитување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19 во свечена атмосфера за што свој придонес дадоа извонредните поетски текстови на водителката Ели Танасковска и музичките ноти од харфата на нашата прва харфистка Мерсиха Шукри.

Leave a Reply