Приведени кумановци кои илегално ја преминале границата

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци кои илегално ја преминале косовско-македонската граница, вчера биле приведени од полицијата.

Loading...

– На 17.03.2020 во 13.10 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, при обиколка на терен од граничниот премин кон селото Белановце, ги привеле А.А.(29) и М.А.(21), двајцата од Куманово, поради тоа што илегално ја преминале државната граница од Косово кон Р.С.Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По извршена проверка било констатирано дека М.А. се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од траење од шест години.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply