Приведени две лица од Куманово за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово викендов биле приведени поради издржување затворска казна, откако по нив била распишана потерница.

Loading...

– На 09.03.2024 година полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (40) од Куманово, информираат од полицијата.

Како што појаснуваат оттаму, тој бил баран по потерница по судска наредба за издржување затворска казна од 2 години за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

– На 09.03.2024 година полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.Ф.(44) од Куманово, велат од полицијата.

Таа, додаваат оттаму, била барана по потерница по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  2.000 деца од Скопје по земјотресот се школувале во Куманово

Двете лица биле спроведени во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски