Приведени двајца возачи во Куманово. Синоќа возеле пијани!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Двајца возачи биле приведени вчеравечер во Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол.

– На 15.06.2025 во 18.20 и 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто“, кое го управувал В.Ц. и оо преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ поскапуваат горивата

Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв“, кое го управувал Е.С., било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили алкохол во крвта.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски