Приведени двајца Пакистанци во кумановско, нападнале свои сонародници

Сподели со своите пријатели

Двајца мигранти државјани на Пакистан биле приведени вчера од кумановската полиција, под сомнение дека нападнале други двајца сонародници.

Loading...

– На 22.04.2021 год во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.А.К. (26) и Р.М. (22) и двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека на 14.04.2021 година во близина на поштата во селото Ваксинце со остар и тврд предмет им нанеле тешки телесни повреди на М.А.(18) и М.А.(22), исто така од Пакистан, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Против лицата А.А.К и Р.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *