Приведени двајца кумановци. Се заканувале на тезгаџии на зелениот пазар

Loading...
Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера по пријава дека се однесувале агресивно и заканувале на продавачи на тезги на зелениот пазар.

– На 16.06.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода У.Ф.(44) и Н.С.(49), двајцата од Куманово, затоа што на Зелен пазар во Куманово агресивно се однесувале и се заканувале на продавачи на тезги, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ауди“ излетало од патот Куманово – Свети Николе, тројца повредени