Приведени двајца кумановци барани за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово во текот на изминатите денови се приведени поради извршување затворска казна.

Loading...

– На 07.10.2020 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.М.(31) од Куманово за издржување казна затвор од петгодини во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за сторено кривично дело „разбојништво“, по член 237 став 4 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пред само три дена приведен бил и дваесет и едногодишен кумановец баран за издржување казна затвор од година и 10 месеци.

– На 05.10.2020 во Куманово, полициски службеници од СВР Kуманово, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.Р.(21) од Куманово за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 од Кривичниот законик, една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 5 од Кривичниот законик и за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 5 од Кривичниот законик во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, стои во соопштението од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply