Приведен Здраво Савески, еден од членовите на раководството на Левица

Сподели со своите пријатели

Здравско Савевски, член на раководството на новоформираната партија Левица изутринава бил повикан на информативен разговор во полициска станица, а потоа бил приведен и се очекува да биде изведен пред јавен обвинител и судија во предистражна постапка, а ќе следува барање за мерка притвор, соопштија денеска од партијата.

Покани за информативни разговори во полицијата биле испратени и до уште тројца членови на највисоките раководни органи на Левица, а настаните за кои се товарат се поврзани со протестите на движењето „Протестирам“.

ЦИВИЛ, заедно со Левица бараат итно ослободување на Савески, и бара да престанат притисоците и делувањето против активистите за човекови права и против граѓанското општество воопшто.