Приведен македонски државјанин во Хамбург баран со потерници, осуден на 17 години затвор

Сподели со своите пријатели

Во Германија е упасен македоснки државјанин кој се барал со меѓународни потерници поради сторени низа кривични дела.

Loading...

– На 06.04.2021 во Хамбург полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.

Оваа акција, велат од МВР, е резултат од успешната соработка со германската полиција.

Никола Ивановски

Leave a Reply