Приведен кумановец за издржување затворска казна од над 6 години

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец баран со централна потерница бил приведен за издржување на затворска казна од над шест години.

Loading...

– На 09.09.2022 во 21.50 часот во место викано „Стари лозја“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(33) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се барал по распишана централна потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ и по наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и девет месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Младите и невработени кумановци може да се пријават за мерката практикантство

– М.М. ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на затворските казни, велат од МВР.

Никола Ивановски