Приведен кумановец поради кражба од возило

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестогдишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека извршил кражба од патничко моторно возило.

Loading...

– На 12.09.2024 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н. (36) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека на 08.08.2024 во Куманово извршил кражба од патничко моторно возило, од каде одзел повеќе предмети.

Како што потенцираат од кумановската полиција, дел од одземените предмети биле пронајдени, а лицето било задржано во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски