Приведен кумановец, полицијата му пронашла марихуана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец вчеравечер бил приведен откако полицијата кај него пронашла марихуана.

Loading...

– На 18.12.2020 во 20.30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле Е.А.(27) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply