Приведен кумановец, бил агресивен кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен викендов поради агресивно однесување кон полициски службеници.

Loading...

– На 19.04.2024 во 21.30 часот на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Т.Т.(47) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски