Приведен кумановец баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен кумановец вчеравечер бил приведен за издржување затворска казна.

Loading...

– На 30.11.2022 во 22.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Ф.(52) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски