Приведен кумановци, превезувале стоки без документација

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера под сомнение дека превезувале стока за која немале соодветна документација.

Loading...

– На 28.11.2024 во 21.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.П.(35) и А.Д.(35), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што посочуваат од полицијата, при преглед во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П., а сопатник бил А.Д., биле пронајдени стоки без соодветна документација.

Тие биле приведени во полициска станица и, како што додаваат од СВР Куманово, по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Никола Ивановски