Приведен крадец во Куманово, спроведен во затвор

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец баран со потерница бил приведен за издржување затворска казна поради тешка кражба.

Loading...

– На 08.09.2022 во 06.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Е. (30) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран за доиздржување на седум месеци казна затвор.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шење за доиздржување на казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Никола Ивановски