Приведен крадец во Куманово, одземенотo вратено на сопственикот

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец осомничен за кражба во угостителски објект бил приведен утринава од полицијата.

Loading...

– На 05.07.2022, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово одзел личен предмет од едно лице.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.Ј. бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски