Четириесет и едногодишен кумановец украл предмети од бензинска пумпа во Куманово, по што полицијата го привела.
Loading...
– На 06.03.2023 во 09.46 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од полицијата, тој се сомничи дека истиот ден одзел предмети од бензинска пумпа на улица „Железничка станица“ Куманово.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
– По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски