Приведен 25-годишен крадец во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец вчера бил приведен, по кражба извршена во куќа во Куманово, а парите што ги одзел биле вратени на сопственикот.

Loading...

– На 06.07.2022 во 03.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.З.(25) од Куманово. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во куќа на улица „Моша Пијаде“ и одзел пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Е.З. бил приведен во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски