Приведен 25-годишен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец вчера бил приведен поради сомнение дека извршил кражба во угостителски објект.

Loading...

– На 14.06.2022 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(25) од село Горно Којнаре, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијат,а тој се сомничи дека пред три дена во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ одзел пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски