Приведен 22-годишен кумановец поради марихуана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец ноќва бил приведен откако полицијата кај него пронашла марихуана.

Loading...

– На 25.05.2022 во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.О.(22) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски