Шеснаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера попладне под сомнение дека украл предмети од приватен имот.
– На 06.05.2026 во 13:12 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16- годишник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека влегол во приватен имот на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово и одзел предмети.
– Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

