Пристигнува генерацијата на Е-бебиња

Сподели со своите пријатели

До 2035 година ќе има повеќе парови кои се запознале преку интернет отколку во живо, а две години подоцна, најголем број родени бебиња ќе имаат родители кои ја започнале врската „онлајн“, покажува едно ново истражување.

Loading...

Едно истражување на лондонската бизнис школа откри дека 2,6 милиони т.н. „е-бебиња“ се родени од 2000 година.

Истата студија разгледала и демографски проекции за раст на популацијата за да се утврди влијанието на технологијата врз тоа како ќе наоѓаме љубов во иднина.

Во извештајот се наведува 2035 година како пресвртница каде што повеќе парови ќе се сретнат преку интернет отколку лице в лице.

Тие заклучиле дека четири од десет бебиња родени до 2030 година имаат родители кои се запознале на интернет, и дека бројката ќе надмине половина до 2027 година.

Мажите се со поголема веројатност од жените да имаат дете со партнер со кој се сретнале на интернет – 42 проценти во споредба со 33.

Истражувачите собрале податоци од повеќе од 4.000 корисници на популарната страница за запознавање Eharmony и откриле дека повеќе од третина ги нашле своите партнери на овој начин.

– Дигиталниот свет го поедноставува процесот на запознавање преку Интернет, го олеснува пронаоѓањето на партнер и гарантира дека ги исполнува нашите критериуми. Почетокот на новата ера на дејствување од 21 век ќе биде во 2035 година – се вели во студијата.

Loading...

За последните четири години, најпопуларните начини за „спарување“ се преку работа, меѓусебни пријатели и социјални мрежи.

Leave a Reply