Пристигна првата реакција на Русија за испраќање Леопарди во Украина

Сподели со своите пријатели

Германија ќе испорача 14 тенкови Леопард 2, а целта е да се формираат два тенковски баталјони кои би дејствувале како дел од украинските вооружени сили, соопштено е во Берлин.

Loading...

„Германија ќе ѝ испорача на Украина 14 тенкови „Леопард 2“, а во исто време ќе дозволи испорака на Леопарди од други земји во Украина“, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрејт.

Тој рече дека оваа одлука канцеларот Олаф Шолц ја соопштил на редовна владина седница во средата и оти е донесена по „интензивните преговори со германските партнери во Европа и на меѓународно ниво“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

„Оваа одлука ја следи нашата линија на поддршка за Украина и продолжуваме да дејствуваме во тесна меѓународна соработка“, рече Шолц, според соопштението за печатот.

Останатите тенкови за полнење на баталјоните треба да бидат испорачани од европските партнери кои исто така имаат тенкови Леопард 2 во нивните вооружени сили.

Во рамките на Бундесверот, оклопниот баталјон е составен од 44 тенкови.

Пристигна првата реакција на Русија

Руската амбасада во Германија објави дека одлуката на Берлин да одобри испорака на тенкови Леопард 2 на Украина е „исклучително опасна“ и дека ќе го ескалира конфликтот „на ново ниво“.

Амбасадата во соопштението рече дека одлуката значи дека Германија се откажува од својата „историска одговорност кон Русија“ што произлегува од нацистичките злосторства во Втората светска војна.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме

„Оваа исклучително опасна одлука го подигнува конфликтот на ново ниво и е во спротивност со изјавите на германските политичари за неподготвеноста на Сојузна Република Германија да биде вовлечена во неа“, рече амбасадорот Сергеј Нечаев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.