Прирачник за стекнување нови пријатели: Како да бидете екстровертни?

Сподели со своите пријатели

Иако сте друштвени сепак не сте непосредни и не се вклопувате лесно во нови познанства. Понекогаш не сте сигурни колу сте подготвени на другите да им дозволите да ве запознаат, но кога ќе се опуштите и ќе ја надминете секоја бариера и срамежливост, се е поедноставно. Само се препуштете и применете неколку едносотавни постапки, кои ќе направат да станете поопуштени и поспонтани од било кога.

Loading...

1. Сами бирате со кого сакате да се дружите

Кога се запознавате со нови луѓе, вашата интуиција ќе ви испрати јасни сигнали дека тоа е личност со која би требало да се дружите. Ако тоа го почуствувате, тогаш ќе се опуштите и впуштите во разговор, ќе бидете непосредни и ќе покажете интересирање и иницијатива, а другата страна на тоа сигурно ќе одговори подеднакво ентузијастично. Ако интуицијата пак ви говори дека тоа не е личност која би ви одговарала, задржете пристјна дистанција, затоа што интуицијата навистина ретко мами.

2. Отворете се

Доколку сте си дале „зелено светло“ слободно отворете се пред нови луѓе и имајте на ум дека навистина е важно да се отворите и да кажете нешто за себе, за да луѓето со кои се запознавате имаат можност да ве запознаат подобро и да стекнат за вас одреден впечаток.

3. Слушајте што ви зборуваат другарите

Секој сака да забележи дека го има вашето целосно внимание. Тоа е знак дека имате почит кон лицето со кое разговарате, но и дека тоа ви се допаѓа и дека сакате со неа да основате подлабоко познанство, кое постепено ќе прерасне во пријателство.

4. Бидете љубезни

Loading...

Апсолутно е јасно дека вљубеноста и вистинскиот збор во вистинско време ќе бидат позитивно приафтени и возвратени. Затоа навистина е важно да покажете дека сте заинтересирани за лицето со кое потенцијално ќе станете пријател. Со тоа сеогаш бидете искрени, затоа што тоа е клучот на секое вистинско познавање.

5. Пронајдете заеднички интерес

За да со некого ја подобрите комуникацијата и создадете близок однос, важно е да имате заеднички интересирања кои ќе станат нит меѓу вас и кои во текот на заедничкото време, постепено ќе се поришуваат.

За да зпознаете нови луѓе и да го проширите кругот на пријатели, потребно е да излезете од својата зона на комфор, опуштете се и променете ја средината, за даимате можност во минување да сретнете нови луѓе. Дајте си себе си, но и на друфите шанса и можеби ќе се вклопите во вредни пријателства, кои ќе останат за цел живот.

Leave a Reply