Припадниците на ИСИС развиле андроид апликација за комуницирање

Сподели со своите пријатели

Припадниците на ИСИС развиле сопствена апликација за Андроид телефони преку која можат да разговараат и да испраќаат пораки, наведуваат од „Ghost Security Groupe“, огранок на веќе прославената хакерска група Анонимус.

Апликацијата се вика Alrawi.apk, а станува збор за основни можности за комуникација. Каок што пишуваат светските медиуми, безбедноста на споменатата апликација не е на високо ниво, но припадниците на ИСИС се уверени дека нема да има злоупотреба да истата ниту евентуални упади од владите со цел шпионирање.

Апликацијата тренутно не може да се најде преку Google Play, туку корисниците можат да ја пронајдат само со пребарување во „завлечените“ делови од интернетот. Исто така, може да се преземе само рачно, чекор по чекор, а не автоматски како останатите.