Приказната за партизанското семејство Гелевски од Куманово

Сподели со своите пријатели

Трајко Димков Гелевски, падар, бунарџија, општински прислужник и позивар, живеел во сиромашно, седумчлено семејство. Сите егзистирале од неговата бедна плата. Тоа влијаело децата да се борат за подобар живот.

Loading...

Најстариот син Тоде „Думба“, како опинчарски работник, учествувал во штрајкот на опинчарските работници и станал член на СКОЈ пред априлската војна во 1941 година.

Патот на револуционерот Иго Тричковиќ и смртта за слободна Македонија

Со оглед на тоа што бил млад, при формирањето на Првиот кумановски партизански одред не бил повикан, но со Одредот од 1943 година, без збор, заедно со Карпош, заминал на Козјак.

За време на Народноослободителната борба од борец-пушкомитралезец напредувал до заменик на командантот на 12та бригада.

По војната го надоместил она што не можел да го постигне во борбите. Покрај воената наобразба успеал да заврши средно образование и да се запише на Правен факултет.

Болеста и смртта ги прекратиле неговите амбиции.

Вториот син Русе им се придружил на партизаните во октомври 1943 година. И тој од борец стигнал до заменик на командантот на Првиот баталјон на 12та бригада при 48та дивизија на Народносолободителната војска на Југославија и учествувал во пробивањето на Сремскиот фронт.

Loading...

Југославија некогаш имала два брода кои го носеле името Куманово

Чичко Трајко, откако двајцата синови му заминале во партизани, и самиот им се придружил во јануари 1944 година. Така, тоа бил прв случај во кумановско, татко и двајца синови да се борат против окупаторот и домашните предавници.

По ослободувањето тој бил командант на Баталјонот на кумановското воено подрачје.

И ќерка му Цвета, иако млада, стапува во Народноослободителната борба три месеци подоцна. И не само тоа.

Нивната куќа иако компромитирана затоа што веќе четворица членови од семејството станале партизани, била постојана база.

Како пред половина век бил замислен изгледот на Куманово во 90те?

Кај баба Наца и под така тешки услови, доаѓале курири од Одредот и нови борци од Скопје кои во нејзината куќа имале сигурен престој.

Ете, тоа е житието на едно сиромашно семејство, кое целосно се вклучило во борбата за ослободување на татковината.

Loading...

Пишува: Бранко Богдански – Гуцман

Извор: „Наш весник“ – 30 октомври 1970 година

Leave a Reply