Патот на револуционерот Иго Тричковиќ и смртта за слободна Македонија

Сподели со своите пријатели

Дојден со својот татко, крајно сиромав, во селото Тромеѓа, кумановско, како колонист на малку земја, Иго Тричковиќ не можел да живее, па побегнал в град.

Loading...

Се вработил како помошен работник во кујната на жандармериската станица каде успева да стане и шеф.

Југославија некогаш имала два брода кои го носеле името Куманово

Непосредно пред Втората светска војна станува член на Комунистичката партија на Југославија и како таков, со оглед дека работел со жандармите, на Партијата ѝ правел големи услуги, пружајќи ѝ разни исвестувања. Бил мошне предан и заколнат конспиратор. Така ги воспитувал и своите деца. На првиот син му го дал името Каменко. На прашањето зошто, одговарал кусо: „Да биде тврд како камен пред класниот непријател, штом ќе порасен“.

Работел неуморно на село и создавал симпатизери на КПЈ. Формирал и споствена група. Во октомври 1941 година, по одлуката на Месниот комитет на КПЈ во Куманово, останал да работи на терен. Неговата куќа требало да служи како база, што подоцна и станала. До полн израз чичко Иго дошол по исфрлувањњето на Вториот кумановски партизански одред. Во визбата на својата куќа, вешто изградил скривница.

Првите „гости“ му биле Христијан Тодоровски – Карпош, Тоде Думба, Димче Домузлиски и Ангел Лазаревски – Шајче, по палењето на општинската зграда во селото Орах. Потоа од неговата куќа, заминале во НОВ многу борци или членови на АСНОМ.

Како пред половина век бил замислен изгледот на Куманово во 90те?

Иго Тричковиќ, не само што ги чувал, туку кога ќе стигнеле курирте, по сигурен пат ги водел до рпиодите на слободната територија. Бил неуморен и бескомпромисен. За него задачата што му ја поставувала партијата претставувала закон.

Loading...

Само два детали од тој период. Кога во неговата скривница престојувал борецот Стојан Ага, сакал да пуши, но тој му забранил со зборовите: „Јас не пушам. Ако дојде полицијата, по димот може да ја открие скривницата“. Или еднаш д-р Киро Миљовски, при заминувањето од Иговата база не можел да оди понатаму пеш, па бил оставен во скривницата.

Но, бидејќи бргу не стигнал и другиот курир со коњ, другарот Киро сакал да ја напушти базата и да дојде в град. Уследил краток говор на чичко Иго: „Мене ми е наредено да не пуштам никого. Само курир може да ве одведе“.

Проституцијата во Куманово кон крајот на 60-те години

И така предано, под крајно неповолни услови, работел до март 1944 година кога била провалена базата. Истиот ден кога МК на КПМ Куманово дознала за провалата од куририте што биле во зградата, Иго е известен во дворот од неговата куќа дека треба веднаш да замине во НОВ.

Без никакво колебање, во истиот миг тој одговорил: „Добро, заминувам. Можам ли да се поздравам со децата и жената“. Не минале ни две минути излегол како што бил облечен велејќи: „Можеме да тргнеме“.

Станал член во Третата македонска ударна бригада. Кога дошол меѓу борците, со оглед дека многумина го познавале кој е, сакале и тој да биде со нив. Конечно бил распореден во Карпошовиот баталјон, со кој командувал Доне Божинов. Сиот среќен тргнал во првата борба на рудникот Злетово и загинал заедно со својот командант.

Според пишувањето на Бранко Богдански – Гуцман

Извор: „Наш весник“ – 23 октомври 1970 година

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *