Пријави за бомби во училишта и трговски центри во Скопје

Сподели со своите пријатели

Пријави за бомби и утринава биле испратени на електронски адреси до средни училишта во Скопје, а за прв пат и во трговски центри, транспртниот центар и една полициска станица.

Loading...

– Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

– Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Денеска за прв пат пријави за бомби има и во дел од трговските центри, транспортнио центар, но и Полициска станица Центар.

– Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар, велат од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Никола Ивановски

Loading...