Пријавено четврто истекување гас на Северен тек

Сподели со своите пријатели

Шведската крајбрежна стража извести за четврто истекување гас во Балтичкото Море над гасоводот „Северен тек“.

Loading...

Сега има „две истекувања на шведска и две на данска страна“, изјави претставник на шведската крајбрежна стража.

Тој додаде дека двете протекувања на шведска страна биле „блиску едно до друго“.

Досега властите на двете земји пријавиле едно истекување гас на шведска и две на данска страна.

Европа оцени дека тоа е „саботажа“, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно“.

Гасоводите Северен тек 1 и 2 во моментов не работат, но во цевките има гас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.