Пригожин: Ветивме дека ќе го освоиме Бахмут, го предаваме на Министерството за одбрана

Сподели со своите пријатели

Лидерот на руската паравоена формација Вагнер Евгениј Пригожин изјави дека неговите војници, како што ветиле, ја освоиле целата територија на Бахмут и дека во текот на следната недела ќе ја напуштат зоната на конфликтот во таа област.

Loading...

„Ја освоивме целата територија на Бахмут, како што ветивме, до последен сантиметар, денес ништо не освоивме“, рече Пригожин во аудио пораката на Телеграм во неделата.

Тој рече дека ќе ја предаде територијата на Бахмут на руското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.

„Како што рековме вчера – ги предаваме нашите позиции на Министерството за одбрана и на 25 мај ја напуштаме зоната на конфликтот“, рече Пригожин во саботата, велејќи дека неговите сили го презеле Бахмут, по деветмесечната опсада на тој град во источна Украина.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски негираше дека Бахмут паднал во рацете на руските сили.

Ројтерс соопшти дека не може да ги потврди извештаите од линијата на фронтот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.