Пригожин: Ускратен ми пристап до комуникација со руските власти

Сподели со своите пријатели

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин вели дека му бил забранет пристап до специјални канали за комуникација со руските власти за да престане да бара муниција за неговите платеници.

Loading...

„За да престанам да барам муниција, ми беше прекинат пристапот до сите специјални канали за комуникација во сите канцеларии и единици, а блокирани се и сите пропусници до одделенијата одговорни за одлучување.

Основачот на групацијата Вагнер изјави и дека има само медиуми да побараат дополнителни набавки со муниција, што има намера да го направи.

Пригожин претходно во неколку наврати го обвини руското воено раководство дека не ги снабдува со муниција што ја има во воените магацини.

Во февруари тој сподели фотографија од загубите на руските платеници кои наводно загинале на 21 февруари бидејќи раководството на редовната армија не им обезбедило муниција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.