Пригожин: Нема да зависиме од кловновите кои ја водат руската армија

Сподели со своите пријатели

Евгениј Пригожин рече дека неговата платеничка група Вагнер ќе продолжи да се бори во Украина доколку на неговите луѓе им се даде посебен дел од фронтот каде што нема да зависат од „кловнови“ кои контролираат делови од руските вооружени сили, пренесува Ројтерс.

Loading...

Пригожин денеска го прослави својот 62 роденден во кампот за обука, а исто така потврди дека неговите луѓе конечно ќе го напуштат источноукраинскиот град Бахмут на 5 јуни, откако ќе го предадат на руската армија.

Платениците на Вагнер го зазедоа разурнатиот град на крајот на мај по повеќемесечна војна.

„Ако целиот синџир (на команда) пропадна 100% и ако го водат само кловнови кои ги претвораат луѓето во месо, тогаш ние нема да учествуваме во тоа“, рече Пригожин, според Ројтерс.

„Убава, нели? им изјави со насмевка на руските новинари, зјапајќи во ноќното небо осветлено од експлозии и од автоматско оружје на неговите платеници.

Потоа, тој детално ги опишува протезите за нозе кои им биле дадени на неговите ранети, вклучувајќи ги и оние кои продолжиле да се борат.

Пригожин рече дека неговите луѓе сакаат да се одморат во камповите во Украина под контрола на Русија околу еден месец.

„Тоа беше тешка година. Потоа ќе видиме како ќе биде“, рече тој.

Loading...

Пригожин често ги критикуваше и навредуваше највисоките воени лидери на претседателот Владимир Путин, особено министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Вчера тој побара од обвинителите да истражат дали високи претставници на руската одбрана извршиле некакво „злосторство“ пред или за време на војната во Украина.

Ниту Шојгу ниту Герасимов јавно не одговорија на неговите навреди.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.