Придружба на Груевски пред него тепа жител на поплавените подрачја (видео)

Сподели со своите пријатели

Придружба на Груевски пред негови очи удри и пцуеше граѓанин кој на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му рече дека не треба да доаѓа бидејќи три дена сами се снаоѓале.

Граѓаните се оставени тука сами на себе три дена, ништо од вас, рече граѓанинот, по што човек кој беше со групата функционери предводени од Груевски почна да го турка, удира и пцуе.

Претходно, новинарка од бугарската ТВ Нова го праша Груевски како ја оценува организацијата, бидејќи народот зборува дека воопшто не чини, но не доби никаков одговор, освен дека ќе кажел подоцна.

Се поголемо е незадоволството од парадирањето на Никола Груевски и терањето на политичка кампања на грбот на граѓаните кои останаа без ништо.