Причина за депресија може да биде и недостаток на еден важен витамин

Сподели со своите пријатели

Истражувачите од Ирска на логитудална студија за стареењето (TILDA) објавија нова студија која ја испитува врската помеѓу статусот на фолна киселина и витаминот Б12 и нивната поврзаност со повисока преваленца на симптоми на депресија кај постарата група.

Loading...

Студијата покажува дека нискиот статус на витамин Б12 е поврзан со симптоми на депресија, но исто така покажува дека фолната киселина не е поврзана со депресија.

 

 

Наодите откриваат релевантни информации за постарите возрасни лица, јавното здравство и креаторите на политиките за подобро да разберат како да го идентификуваат ризикот и да усвојат заштитни мерки за подобрување на здравствените резултати за луѓето на возраст над 50 години, пишува Medical Express.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СТАНУВАТЕ РАНО ЗА РАБОТА ИЛИ УЧИЛИШТЕ? Ова е идеалното време кога треба да легнете

Студијата опфати луѓе на возраст над 50 години чии нивоа на фолати и витамин Б12 биле мерени во текот на четири години и беа тестирани за депресија.

Утврдено е дека луѓето со ниско ниво на витамин Б12 имаат 51 отсто поголем ризик да развијат депресивни симптоми во рок од четири години, но таква поврзаност не е забележана кај луѓе со дефицит на фолати.

Loading...

 

 

Очигледно е дека зголеменото внесување на овој витамин или суплементација би можело да избегне многу случаи на депресија кај постарите лица и последиците што таа ги носи.

Проф. д-р. Имон Лејрд, водечки автор на студијата, вели: „Оваа студија е многу релевантна со оглед на високата преваленца на случајна депресија кај постарите возрасни лица кои живеат во Ирска, особено откако доказите покажуваат дека еден од осум постари луѓе има екстремно ниски нивоа на Б12, ова е поттик за воведување политика на задолжително збогатување на витамините Б во Европа и Обединетото Кралство“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Имате болки во грбот? Витаминот Б6 е неизбежен!